Македонија

Ослободителни пресуди за Сашо Мијалков и „Алфите“ во предметот „Тортура“

Судијката Александра Ристеска заедно со судечкиот совет, денеска изрече ослободителна пресува за Сашо Мијалков во предметот „Тортура“ и за поранешниот командат на полициската единица „Алфа“, Ивица Анчевски – Пуки како и за петмината „алфи“: Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани.

Ристеска кажа дека обвинителот Љубомир Лапе не докажал надвор од основано сомнение дека се виновни за делот мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Случајот „Тортура“ се однесуваше на начинот на кој беше уапсен Љубе Бошкоски на 6. јуни 2011 година пред ресторанот „Воденица“, ден по парламентарните избори.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни