Поранешниот пратеник и генерален секретар на СДСМ Александар Кирацовски се јави преку Фејсбук по денешната ослободителна пресуда за Сашо Мијалков за предметот “Тортура”.
Сашо Мијалков доби ослободителна пресуда за апсењето на Љубе Бошковски (случај “Тортура”) – „Каде што има сила нема правдина“.., само не знам од каде сеуште сила во Мијалков. Целата јавност внимателно ги слушаше аудиоснимките кои заедно со контекстот на тогашната ситуација за време на режимското владеење јасно сведочат дека на ден после парламентарните избори 2011 год., Љубе Бошковски беше наместен, уапсен и неправедно осуден поради политичка освета. Треба уште да зрееме како општество штом сметаме дека проблемот со Р. Бугарија е единствената пречка за почеток на преговорите со ЕУ.
Мијалков и поранешните Алфи беа денеска ослободени со пресуда на Кривичниот суд Скопје.