Премиерот на Косово Рамуш Харадинај најави дека против Србија, освен таксите од 100 отсто на увоз на српската роба ќе преземе и други потешки мерки. „Има и други мерки кои можат да се случат, а не се тарифни. Ќе ги видите кога ќе дојде до нив“ – изјавил Харадинај за албанската „А2“ телевизија, а пренесуваат приштинските медиуми. Косово на 6 ноември после гласањето во Интерпол воведе такси од десет отсто за увоз на робата од Србија и Босна и Херцеговина, а на 21 ноември Владата на Косово ги зголеми таксите на 100 отсто.И покрај притисоците и повиците таксите да се укинат, Харадинај изјави дека тие ќе бидат укинати кога Србија ќе ја признае независноста на Косово.