Македонија

Ковид биланс: 24 новозаразени, нема починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Регистрирани се 24 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 156.078
Оздравени се 6 пациенти – нема пријавено починати лица.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

• Во последните 24 часа се направени 4.133 тестирања, а регистрирани се 24 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 6, Тетово – 5, Куманово – 3, Прилеп и Кичево – по 2, Битола, Охрид, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар – по 1.
• Регистрирани сe 6 оздравени пациенти од: Скопје – 4, Тетово и Струмица – по 1.

• Не се регистрирани починати пациенти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни