Свет

Протестите во Париз предупредување за Макрон, над 130 илјади демонстранти – 2 приведени

Париз ги пребројува штетите и последиците, кои според поценките, ги оставија 130-те илјади демонстранти во десетина градови.

Уапсени се речиси две илјади луѓе, 120 се повредени во нередите, кои и овој пат, не го принудија Макрон да и се обрати на нацијата. Наместо него, гневот на заузданата толпа повторно се обиде да ја смири премиерот Едуард Филип, кој повика на обновување на националното единство.

Никој не зборува за одложеното поскапување на горивото, кое беше само искра за масата на улиците. Сега е веќе извесно, покрај радикалните демонстранти, жолт елек облекоа и обичните Французи.На феноменот на жолтите елеци не останаа рамнодушни ниту Белгија и Холандија, каде се прошири движењето. Инаку, Просечната плата во Франција е 1.700 евра, стапката на невработеност е 9 проценти, а најбогатите 20 проценти примаат пет пати повеќе во однос на 20-те проценти најсиромашни Французи. Тоа беше причина и за стрмоглав пад на рејтингот на Макрон, кој изнесува 23 проценти.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни