Македонија

Портокалов метео аларм, и денеска над 40 степени

Сончево и особено топло. Од пладне ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната од 36 до 43 степени. УВ=9.

Во Скопје, сончево и многу топло со умерен до засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Продолжува периодот на стабилно и особено топло време. Максималните температури особено во појужните делови од Повардарието ќе бидат за 2 до 3 степени повисоки од 40 степени.

Насекаде ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.

Од средината на следната недела за некој степен температурите ќе бидат пониски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни