Живот

Разводот на Бил и Мелинда Гејтс завршен

Разводот на со-основачите на една од најголемите приватни фондации во светот Бил Гејтс и Мелинда Френч Гејтс дојде до крајот.

Тие се разведоа пред судот во Сиетл, Вашингтон.

Инаку, двојката поднесе барање за развод на 3 мај, по дури 27 години брак, а Бил и Мелинда Гејтс тогаш изјавија дека постигнале договор за поделба на заедничкиот имот и најавија дека ќе продолжат со заедничката филантропска работа.

Основачот на „Мајкрософт“, Гејтс поддржува широко прифатени програми за борба против маларијата и детската парализа, како и за исхрана и вакцинација на децата.

Нивната фондација лани даруваше околу 1,75 милијарди долари за борба против Ковид-19 пандемијата. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни