Македонија

Алармантно кај Свети Николе, досега изгореа 4 куќи – од сега ќе се гаси по приоритет

Не се знае колку точно има активни пожари низ државата, а последно најдраматично е кај Свети Николе каде што попладнево изгореле четири куќи. Од Центарот за управување со кризи велат дека започнуваат со определување на приоритети при гасењето, односно ќе се интервенира прво на големите жаришта. Ветерот попладнево дополнително ги отежнува акциите.

„Во овие моменти и во село Богословец во Свети Николе почна да горе, во селото се изгорени четири куќи“, изјави Стојанче Ангелов – Директор на ЦУК.

„Не можеме да кажеме колку е точната бројка на пожари, од минута во минута бројот се зголемува. Ако едни се локализираат на други места избувнуваат. Од таа причина и денеска е прогласена кризната состојба на територијата на државата“, изјави Марија Милкова од ЦУК.

„Променливиот ветер и појачувањето на ветерот од 40 до 70 километри во секунда, не овозможува максимално употребување на расположливите ресурси кои се на терен. Доведува до замор, и затоа приоритет е да се даде на објектите , на населението, да се остават нивите запален, односно нискостебелестото и високата сува трева. Од сега определуваме приоритети. Очекуваме во понатамошниот период  дополнително зголемување на ветерот , очекуваме дополнителни отежнувачки околности во процесот на справување“, додаде Горо Стојановски од секторот за операции и кординации во ЦУК.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни