Македонија

Денес променливо облачно со дожд, на планините снег — викендов не очекува сончево време

Денес променливо облачно со дожд, на планините снег — викендов не очекува сончево време

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите ќе преминат во слаб снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица ќе преовладува сончево и стабилно време со променлива облачност во текот на денот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни