Центарот за управување со кризи на утринската прес конференција информираше дека во Македонија доаѓа специјален авион наречен „Херкулес“ кој со себе носи и техничка опрема, а ќе фрла и т.н подобран-бомби кои се користат при големи пожари.
„Херкулес 530 пристигнува и е многу поголем. Тоа е товарен авион прилагоден дополнително за гаснење на пожари. Се работи за специјализиран авион кој со себе носи техничка опрема, пожарникари и шест-тонски ќеси наполнети со вода и при летањето хидраулично ги исфрла во форма на падобран-бомба“, информираше портпаролот на ЦУК на денешната прес-конференција.
Проблем засега претставува само полнењето со вода на авиониот бидејќи тоа не може да биде Охридското езеро, бидејќи тоа не го дозволува УНЕСКО. Алтернатива е Преспанското езеро, а поради недоволната длабочина засега како што дознаваме Дојранско езеро е исклучено од можноста.