Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук рече дека пред 45 дена Министерот за здравство Венко Филипче убедувал дека крај на авуст или почеток на септември ќе имаме крај на пандемијата, а сега имаме 588 новозаразени.
„Трчаа по провизии од сомнителни азиски посредници и наместо да се борат да обезбедат вакцина плус тие нудат мерки како во времето на средината од 20тиот век. Го поделија народот за пусти пари и власт. Новиот пакет на анти ковид мерки го дели народот и не помага. Прашуваат што треба: треба систем кој подразбира системски чекори. Она што го имаме денес е справување со последиците од немањето систем. За жал тоа и овој пат се плаќа со човечки животи…Одговорност ќе има…, затоа за нешто повеќе од 2 месеци граѓаните одлучуваат дали оваа неспособност, безидејност, криминал, корупција, срам и понижувања ќе продолжат или нови луѓе со нова енергија, знаење и цели ќе ја вратат Македонија на победничките патеки“, пишува Мицкоски.