Хакери украле криптовалути во вредност од 600 милиони долари од дигиталната платформа Поли Нетворк, пишува Би-Би-Си.
Тие велат дека грабежот е меѓу најголемите во историјата на децентрализирани платформи за финансиски трансакции во криптовалути, надминувајќи го хакерскиот напад на платформата Коинчек со седиште во Токио во 2018 година, кога беа украдени 530 милиони долари во биткоини.
— Poly Network (@PolyNetwork2) August 11, 2021
Платформата објави и на Твитер информации околу грабежот, наведувајќи детали за дигиталните паричници на кои биле префрлени парите.
Тие јасно посочуваат корисниците да не прифаќаат криптовалути од тие адреси.
Hope you will transfer assets to addresses below:
— Poly Network (@PolyNetwork2) August 11, 2021
ETH: 0x71Fb9dB587F6d47Ac8192Cd76110E05B8fd2142f
BSC: 0xEEBb0c4a5017bEd8079B88F35528eF2c722b31fc
Polygon: 0xA4b291Ed1220310d3120f515B5B7AccaecD66F17 pic.twitter.com/mKlBQU4a1B
Инаку, во време на кражбата, вредноста на украдените криптовалути била нешто повеќе од 600 милиони долари, според „Д Блок“ (публикација за крипто-трговија).
Платформата Мт.гокс пропадна во 2014 година по кражба во која исто така „исчезнаа” околу половина милијарда долари биткоини.