Десетмесечно бебе од Кичево е најмладиот пациент со ковид-19, јавува Телма потпирајќи се на избори од локалната болница. Бебето било во добра здравствена состојба, а меѓу позитивните се и неговите родители.
Според „Телма“, 30-тина млади лица се меѓу заразените кои биле на одмор во Охрид.
Кичево е еден од градовите со најголеми ковид-бројки денеска по Скопје и Тетово. Во овој град беа регистрирани 48 позитивни случаи.