Свет

Пеколно жешко и во Сицилија – еве која е температурата!

Во Сиракуза во Сицилија вчера била измерена рекордна температура од 48,8 степени целзиусови.

Се работи за највисоката температура од метеоролошките мерења на територијата на Европа.

Весникот „Кориере дела сера“ објави податоци за мерењата на Агрометеоролошката информативна служба на Сицилија (СИАС), каде се наведува дека вчера во 14 часот во малиот град Флорида во провинцијата Сиракуза е измерена рекордна температура на воздухот од 48,8 степени Целзиусови.

Претходниот официјален рекорд го држеше Атина, каде беа измерени 48 степени во 1977 година, но 48,5 степени беа измерени на Сицилија во септември 1999 година, но тоа мерење не беше официјално потврдено како рекорд.  

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни