Македонија

Петстотини полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за пожарите

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 12.08.2021 до 07.00 часот денеска (13.08.2021), во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 501 полициски службеник, реализирани 197 мото-патроли и користени 144 моторни возила.

Деноноќно на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата: Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка, кои несебично помагаат во гасење на пожарите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни