Живот

Северина се пушти во акција: Го отследи Игор Којиќ, но заследи згодни кошаркари и актери

Северина и нејзиниот сопруг Игор Којиќ неодамна се отследија еден со друг од нивните Инстаграм профили, а пејачката потоа не следеше ниеден профил.

Сепак, таа овие денови заследила повеќе од 20 луѓе, а меѓу нив се и кошаркарите Лука Дончиќ и Бобан Марјановиќ, со кои се дружела на една забава.

Исто така, таа заследила и свои долгогодишни соработници, Ива Радиќ и Петар Грашо, како и актерите Горан Богдан и Христина Поповиќ.

Меѓу славните личности што ги заследила е и српскиот актер Милош Биковиќ, кој неодамна се најде во центарот на скандалот откако екс девојката Арина Волошина го нарече егоцентрик и на социјалните мрежи целосно ја опиша нездравата врска со него.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни