Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи Централен комитет на кој ќе бидат потврдени имињата на 30 кандидати за градоначалници, дознава 4NEWS.mk.
Синоќа партијата одржала и Извршен комитет на кој било договорено и името за градоначалник на општина Куманово.
Од досега објавеното, познато е дека Општина Центар ќе ја има за кандидат професорката Наташа Котлар, коалициски кандидат од редовите на Глас за Македонија, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.
За Град Скопје пак опозицијата ја подготвува Данела Арсовска.