Живот

Новата верзија на Firefox ќе ве заштити од следење

Новата верзија на Firefox би можела да ви помогне.

„Колачињата“ во минатото беа добра работа – а тоа значеше дека веб страниците ќе го паметат она што веќе сте го виделе, што ве интересира и ќе ви помогнат да го најдете она што ви треба веднаш, особено на страниците што често ги посетувате.

Сепак, „колачињата“ еволуираа со текот на годините а сега наместо обична меморија на некоја страница, преку „колачиња“ може да ве следат на Интернет.

Тоа значи дека „колачињата“ од одредени веб страници можат да ве следат што правите на другите веб страници и така да ви сервираат огласи.

Сепак, Firefox реши да се избори против тоа и ви носи нова верзија Strict mode.

Оваа верзија ќе ја избрише историјата од секоја страница, како и сите „колачиња“ и „супер колачиња“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни