Македонија

Фестивал на документарен филм во Северна Македонија – Украина-земја во фокусот

Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија заедно со заедницата на Украинци „Лесја Украинка“ во организација на„MakeDox-Creative Documentary Film Festival“ иницираа уникатен настан посветен на украинскиот документарен филм со цел промовирање на украинските традиции, култура и кинематографијаво Северна Македонија.

На 20 август 2021 година, амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Наталија Задорожњук ја отвори украинската документарна програма во рамките на фестивалот „MakeDox“.

Наталија Задорожњук: „Среќни сме што имаме многу добри резултати во развојот на украинско -македонските односи – активен политички дијалог, зголемена економска соработка, зајакнување на соработката во областа на културата. И денешниот настан е потврда за тоа. Украинската документаристика се развива многу брзо. За прв пат во нашата пријателска земја се претставени ваков број документарни филмови од Украина. Овие филмови се едни од најдобрите не само во Украина, туку и во светот. Сигурна сум дека за време на презентирањето на украинската документаристика, комуникацијата во живо, ќе се појават нови интересни идеи за понатамошна билатерална соработка, реализација на нови заеднички проекти. Амбасадата на Украина, од своја страна, ќе придонесе за ова колку што е можно повеќе “.

Украинските режисери – Гана Јарошевич, Зоја Лактинова, Алина Горлова, Оксана Карпович лично учествуваа на фестивалот. „Ништо никогаш нема да ја замени живата комуникацијата, размената на мисли и емоции во живо, особено во нашето тешко ковидно време, кога сите сфери на животот се ограничени“, нагласи Амбасадорката.

Исто така, во рамките на украинската програма на филмскиот фестивал беше отворена изложба на украински уметници и занаетчии кои живеат во Северна Македонија (Снижана Мелник, Маријана Велковска, Тетјана Урбанович).

Настанот се одвива во рамките на одбележувањето на 30-тата годишнина од независноста на Украина.

За 30-тата годишнина од независноста на Украина на 13-16 август 2021 година во Кинотеката на Северна Македонија беа претставени филмовите на познатиот украински режисер Олександр Довженко.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни