Свет

Евакуирани 12.000 луѓе од Кабул

Околу 12.000 странски државјани и Авганистанци вработени во амбасади и меѓународни хуманитарни организации се евакуирани откако Талибанците влегоа во Кабул, изјави денеска претставник на НАТО .

„Процесот на евакуација е бавен и ризичен, бидејќи не сакаме судири со Талибанците или цивилите пред аеродромот“, рече официјалниот претставник, кој не сакаше да биде именуван.

Поради хаосот и извештаите за талибанска населба, западните земји се обидуваат да ја забрзаат евакуацијата.

Талибанците ја отфрлија одговорноста за немирите на аеродромот, каде се илјадници луѓе, и посочуваат дека Западот можел подобро да ја испланира евакуацијата.

Според официјални претставници на НАТО и Талибан, најмалку 12 луѓе се убиени на аеродромот и околу него во изминатите седум дена. Талибанците побараа од оние кои немаат патни исправи да се вратат дома од аеродромот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни