Професорот Никола Пановски на социјалната мрежа Фејсбук сподели пример во кој прикажува дека по прележување на коронавирус, антителата се високи и по 12-тата недела.
„Еве од втора година медицина, секој студент што го знае, нека одговорат врвните експерти на кои се повикува Министерството за здравство. ИгГ заштитните антитела се со црна линија. 12 недели се високи и остануваат високи!!! Вие ги терате да се вакцинираат најдоцна во седмата недела кога имунитетот е најсилен. Зошто да се вакцинираат во периодот кога нивната природна заштита е најизразена?“
прашува Пановски
Инаку, вчера министерот за здравство Венко Филипче рече дека нема разлика дали прележаните ќе се вакцинираат веднаш или по неколку месеци, но тоа има голема разлика во развојот на глобалниот имунитет.