Градот Скопје денеска ги презентираше комуналните возила и автобуси кои беа набавени во изминативе четири години за потребите на јавните градски претпријатија.
На паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ можеа да се видат возила за јавен транспорт, како и различна механизација за одржување на јавното зеленило, за подигање на комуналниот отпад, за одржување на водоводната и канализациската мрежа, за одржување на сообраќајните површини и механизација за потребите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
– Денеска претставуваме дел од набавената механизација за градските јавни претпријатија. Велам дел, затоа што најголемиот скопски паркинг е премал да ја прими целокупната мехнизација која ние како Град Скопје и како јавни претпријатија успеавме да ја набавиме во овој, скоро четиригодишен период со цел да го подобриме квалитетот на услугите на градот и да покажеме и докажеме што е всушност приоритетот во трошењето на градските буџетски пари. – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, на презентацијата.