Македонија

Испечатени првите 1.000 лични карти во новото уставно име „Северна“

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во текот на денот испечатени се првите 1.000 лични карти со новото име на државата „Република Северна Македонија“.

Утре граѓаните кои повеќе пред два месеци аплицирале за нова лична карта, ќе добијат известуваење од каде да си ја подигнат својата лична карта.

Застојот се направи откако МВР го апдејтираше софтверот со новото уставно име, а законот не беше донесен во Собранието.

Подоцна, Влада изнајде решение и го деблокираше овој процес.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни