Владата од денеска започнува кампања за вакцинација по мотото „Вакцинирај се – за моментите на среќа“. Во обраќањето премиерот Зоран Заев истакна дека во следниот период може да имаме ситуација која ќе биде критична поради зголемениот број на активни случаи.
„Погоелмиот број на нови случаи заболени од коронавирусот е најизразен во градовите со помал опфат на вакцинирани граѓани, за разлика од средините каде што има имунизација со вакцини 50 или повеќе проценти“, истакна премиерот Заев.
Тој потенцираше дека најголем дел од починатите лица се невакцинирани, а рече дека е мал бројот на лица кои се заразени, а биле вакцинирани.
„Вакцината е безбедна. Граѓаните немаат никакви компликации и ова е доказ дека вакцината е ефикасна, без разлика за која вакцина станува збор“, додаде Заев.