Владата закажа редовна седница која ќе започне во 12 часот. На дневен ред се неколку точки.
Согласно дневниот ред, на седницата ќе биде разгледана и Информација за ставање на вино во промет и извоз, произведено од винско грозје од берба 2020 година, изготвена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Како што е најавено, ќе биде разгледана Информација за пристапување на Република Северна Македонија на Меморандумот за разбирање за олеснување на патниот транспорт на стоки во регионот на Организацијата за Црноморска економска соработка.