Имало 9.831 нови случаи на коронавирус во Израел , најголем број од јануари, според најновите податоци на израелското Министерство за здравство.
Последните податоци се однесуваат на вчерашниот ден, кога 664 пациенти биле регистрирани во тешка состојба, пренесува израелскиот весник „Ерусалим пост“.
Околу 6,63 проценти од тестовите дадоа позитивен резултат.
Од вкупниот број заразени 162 лица се на респиратор , додека од почетокот на пандемијата, бројот на смртни случаи од ковид во таа земја се искачи на 6.864.
До утрово се околу 1.528.304 Израелци ја примија третата доза на вакцина против корона вирусот .
Патем, Израел има една од највисоките стапки на вакцинација во светот, бидејќи 78 проценти од оние над 12 години се целосно вакцинирани.