На 23.08.2021 околу 11.25 часот на регионален пат Макази – Маркова Нога, кај крстосница за с.Сливница, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од В.Д.(36) од с.Штрбово, ресенско и патничко моторно возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(85) од Скопје.
Во незгодата В.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница- Битола.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.