Македонија

ФОТО: Скопјанец извлече сом од 82 килограми од Вардар

Во реката Вардар,во близина на градот Велес, Назми Акташи, млад скопјанец со хоби за риболов за време на викендот, фатил сом долг 2 метри и 10 сантиметри и тежок 82 килограми.

Такви риби има во реката Вардар, но ретко се ловат. Акташи вели дека имал среќа да го фати овој вид риба на својата кука. Тој за Газета.мк рече дека по објавувањето фотографии и видеа на неговата официјална страница на Фејсбук, добил понуди од разни здруженија и поединци да го купат сомот, но дека тој одбил.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни