Едно лице загина, а петмина се повредени во пукање во многу прометна пешачка зона во албанскиот град Лушње.
Инцидентот се случил во време кога улицата во центарот на градот била полна со луѓе , а по физичка пресметка помеѓу група мажи.
Според првите податоци, сопственикот на ресторанот (34) е убиен, додека една девојка е меѓу повредените.