Вкупно 45.679 материјали биле тестирани во Лабораториите каде биле извршени молекуларни тестови за да се потврди присуството на вирусот САРС-КоВ-2. Во споредба со минатата недела, има зголемување од 5,1%, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје во кој 4NEWS.mk имаше увид.
Позитивни се 6.768 случаи, од 35 градови, со зголемување на бројот од минатата недела за 58,1%. Процентот на позитивни случаи се движи од 11,0%до 18,5%, во просек 14,6%. Најголем број случаи се регистрирани во Скопје.
Нови случаи се регистрирани во сите возрасни групи, додека најголемиот број припаѓа на возрасната група над 60 години (n = 1451, 21,4%). Најмал број е регистриран кај деца од 0-9 години (n = 125; 1,8%). Во споредба со минатата недела, има зголемување на бројот на пациенти во сите возрасни групи, додека во возрасната група над 60 години има двојно зголемување на бројот на заразени.

Пријавени се 134 смртни случаи, најголем број во Скопје (32), Тетово (28), Гостивар (22), Куманово (16), Кичево (10). 104 или 77,6% се лица над 60 години.


