Македонија

36 годишна пациентка починала на приемно во Тетово по компликации од коронавирус

Триесет и шест годишна жена е најмладата жртва на коронавирус во Тетово во изминатите 24 часа каде починаа 10 лица.

„На пациентката при пример само и било констатирана смрт“, вели доктор Гзим Нуредини.

Докторот додава дека најголем дел од починатите доаѓале доцна, а имале и други хронични болести.

Во следните денови во Тетово ќе се отворат и дополнителни пунктови за вакцинација.

Алармантно е и во Гостивар. Градоначалникот д-р Арбен Таравари со апел до граѓаните.

„Апел од нас до сите граѓани, да се придружуваат со сите мерки и апел што повеќе и побрзо да се вакцинираат“, вели градоначалникот на Општина Гостивар

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни