Македонија

Стевановиќ: Ова е најразорниот бран, од починатите на Инфективна нема вакцинирани

Директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ вели дека ниту еден од починатите на клиниката не бил вакциниран.

„Ова е најразорниот бран, но ниту еден од починатите кај нас во клиниката не е -претходно вакциниран“, рече Стевановиќ.

Инаку на Инфективна и модуларната болница во Скопје хоспитализирани се 160 пациенти од средно тешка до сериозно тешка клиничка состојба.

Директорката апелира граѓаните да се вакциницаат со било која вакцина, додавајќи дека сите се безбедни и сигурни.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни