Нискобуџетната авиокомпанија „Easy Jet” влегува на македонскиот пазар, потврди министерот за економија Крешник Бектеши. Компанијата ќе влезе на македонскиот пазар претстојната зимска сезона со летови помеѓу Женева и Скопје.
Од 1 ноември ќе започне со летови помеѓу Скопје и Женева четири пати неделно (понеделник, среда, четврток и петок), како и од Базел исто така четири пати неделно (понеделник, среда, петок и недела).
Според министерот Бектеши ова е дополнителна можност за привлекување на туристи од Швајцарија во Северна Македонија, но и полесни конекции и можности за нашата дијаспора.
Извршниот директор на турски ТАВ, кој управува со двата аеродрома во Македонија, Сани Сенер, неодамна изјави дека и покрај тоа што „Виз ер“ оперира од државата, сепак има простор за повеќе нискобуџетни играчи.