Свет

Тапанарот на Ролинг Стоунс, Чарли Вотс, почина на 80 години

Тапанарот на Ролинг Стоунс, Чарли Вотс почина на 80 -годишна возраст, изјави неговиот публицист.

Тапанарот на популарната рок група „Ролинг стоунс“, Чарли Вотс, беше итно опериран пред три недели. Операцијата во Лондон поминала успешно, а лекарите велат дека неговите здравствени проблеми биле откриени за време на рутински преглед на сите членови на бендот.

Поради операцијата, Вотск морал да се повлече од турнеите во САД. Бендот закажа турнеја „No Filter USA“, која ќе започне следниот месец, а Чарли ќе биде заменет со тапанарот Стив Џордан.

„Работам за да се вратам во форма, сепак, морам да ги прифатам советите на експерти кои рекоа дека моето закрепнување може да потрае. По сите разочарувања од одложувањето на турнејата поради ковид, не сакам фановите на бендот во САД кои имаат билети, да доживеат уште едно откажување или одложување. Така, го замолив мојот пријател Стив Џордан да ме замени“, рече Чарли пред три месеци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни