Македонија

Над 11.500 активни случаи во Македонија – најмногу во Скопје, Тетово и Гостивар

Министерството за здравство вчера информираше дека од направени 7.084 тестирањe, регистрирани се 1.210 нови случаи на КОВИД-19.

Најмногу активни случаи во моментов има во Скопје – 4150, Тетово – 1911 и Гостивар 1494.

Регистрирани сe 451 оздравени пациенти, додека пак пријавени се 8 починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.118.535 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 170.412, бројката на оздравени пациенти е 152.916, на починати е 5.727, а бројот на активни случаи изнесува 11.769.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни