Македонија

Повеќе од четири часа се дискутира во СДСМ за новите кандидати за градоначалници

Владеачката партија се уште заседава на Бихаќка. Нема официјални информации до каде е седницата на Извршниот одбор на кој членовите треба да одлучат за втората група на кандидати за градоначалници.

Како што дознава 4NEWS.mk вечерва се разговара за кандидати градоначалници на Куманово, Велес, Струмица, Битола, Карпош и Аеродром. Според наши до овој момент познати неофицијални информациии, СДСМ во Битола ќе оди со актуелната градоначалничка Наташа Петровска, а за Струмица ќе го предложат Костадин Костадинов.

  • Неофицијална листа до која дојде 4NEWS.mk

Центар – Г. Герасимовски

Аеродром – А. Филиповски

Битола – Н. Петровска

Струмица – К. Костадинов

Велес – М. Николов

Прилеп – Г. Сугаревски

По завршувањето на седницата се очекува обраќање на лидерот Зоран Заев или пак соопштување на кандидатите преку алтернативни канали за комуникација.

Познато дека во трката за Град Скопје повторно ќе биде актуелниот градоначалник Петре Шилегов, за Охрид кандидат ќе биде Костадин Ѓорѓиевски, Перо Костадинов- Валандово, Велимир Смилевски – Бутел, Филип Темелковски – Кисела Вода, Миликие Халими за Арачиново, Благојчо Шапов за Богданци, Зоран Зимбаков за Босилово, Маријан Јанев за Василево, Сашо Јанквоски за Вевчани, Ивица Димитров за Виница, Роберт Бешовски за Градско, Горан Трајковски за Делчево, Лазе Петров за Демир Капија, Анго Ангов за Дојран, Борче Гиевски за Зелениково, Јордан Насев за Карбинци, Благојчо Илиев за Конче, Томе Христовски за Крушево, Аце Велковски за Лозово, Медад Куртовски за Маврово-Ростуше, Љубе Кузмановски за Новаци, Елизабета Зелениковска за Петровец, Славчо Пандурски за Пехчево, Драган Анастасов за Пробиштип, Живко Гошаревски за Ресен, Стојан Николов за Росоман, Жаклина Јовановска за Старо Нагоричане, Горан Стојановски за Чашка и Сашко Николов за Штип, за Неготино – Тони Делков, Гази Баба – Борче Георгиевски, Могила – Јасмина Гулевска, Берово – Звонко Пекевски, Ранковце – Даниел Крстевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни