Невообичаен случај се случи денеска во селото Врапчиште. Едно семејство, чии деца го чекаа ковчегот на нивната мајка, не го прифатиле, јавува ТВ21.
Наместо тоа, во ковчегот беше пронајдено тело на маж.
Роднините се уште не го пронашле безживотното тело на нивната мајка, па некои од нив се на Инфективната клиника во Скопје каде се бара нејзиното тело, бидејќи таму починала.
Новинарот на ТВ21, Сенат Зилбехари, известуваше повеќе во централното издание за вести.