На досега познатите Шилегов, Арсовска и Петровска во трката за градоначалник на Град Скопје ќе им се придружи и Перо Камиказа како независен кандидат кој ќе биде поддржан од Левица.
„Конечно, се разбравме. ОДИМЕ! #ЦрвеноСкопјеЦрвениЗнамиња” – напиша лидерот на Левица.
Неговата објава е дополнета со зборовите „Црвено Скопје, црвени знамиња“.
Басистот на групата „Меморија“, Петар Георгиевски, познат како Перо Камиказа, официјално доби поддршка од Левица и тој ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори.