Македонија

Тешка сообраќајна несреќа кај Струмица

На 28.08.2021 во 13.10 часот на регионален пат Р1402 од с.Куклиш до с.Смолари делница с.Банско-с.Габрово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки управувано од Т.М.(43) од Струмица и мотоцикл „сузуки“ без регистарски ознаки, управуван од Н.Г.(40) од с.Бориево,струмичко.

Во незгодата со тешки телесни повреди  се здобил возачот Н.Г. кои му биле констатирани од доктор во Медицински центар Струмица.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Струмица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни