Живот

Денеска е Св. свештеномаченик Мирон

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 август.

Свети Мирон беше свештеник во некое место во Ахаја (Грција).

Потекнуваше од виден и богат род. Се одликуваше со особено благиот карактер. Во 250 година, за време на прогоните на христијаните при владеењето на римскиот император Декиј, на денот на Христовото раѓање и додека презвитерот Мирон служеше во црквата, се втурнаа внатре римски војници, го извлекоа од црквата и тука, на самото место, го ставија на страшни маки.

А потоа свети Мирон беше пренесен во градот Кизик и обезглавен.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни