Македонија

Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој вдолж Повардарието повремено ќе се засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ=7

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Од утре ќе биде претежно стабилно и сончево со слаб до умерен северозападен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува во среда и четврток. Во среда ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд проследен со ветер. Во овие денови наутро особено во посеверните делови ќе биде посвежо.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни