Македонија

Вечерва во Скопје слетува авион со население од Авганистан

Вечерва на скопскиот аеродром слетува првиот авион со граѓани од Авганистан, соопшти Владата. Нема точна информација кога вечерва треба да слета првиот авион.

Вкупно 780 граѓани на Авганистан ќе бидат згрижени во земјава, соопшти владиниот портпарол Душко Арсовски.

Најпрво во Македонија требаше да пистигнат 185 бегалци од Авганистан, за потоа таа бројка да се искчи на 250. За неколку дена беше соопштено дека ќе бидат прифатени 450 граѓани на Авганистан. Последната бројка беше 650 бегалци, а пред неколку денови е соопштено дека Македонија ќе прими 780 бегалци од Авганистан.

4NEWS.mk ќе известува во живо.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни