Македонија

Вечерва пристигнуваат 149 бегалци од Авганистан

Вечерва се очекува да пристигнат 149 граѓани на Авганистан, вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација Отворено владино партнерство (Open Government Partnership – OGP) каде што Северна Македонија е официјално членка, како и вработени и соработници на Transparency International, Wold Economic Forum и други меѓународни организации.

Станува збор за граѓани кои беа животно загрозени од талибанските структури и на кои им помагаме да си го спасат животот. Тоа се граѓани кои 20 години работеа за демократските институции, мисии и меѓународни организации во Авганистан.

На скопскиот аеродром ќе бидат прифатени од МНР, МВР, Црвениот Крст, Министерството за здравство и меѓународните организации.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни