Македонија

Познато кога во Скопје слетува авионот со Авганистанци и каде ќе бидат сместени…

Авионот со кој треба да пристигнат 149 бегалци од Авганистан според првичните информации како што дознава 4NEWS.mk ќе слета во 22.30 часот на скопскиот аеродром.

По направени прегледи и ПЦР тестови, тие ќе бидат според првиичните информации во хотел Белви во Скопје.

„Станува збор за граѓани кои беа животно загрозени од талибанските структури и на кои им помагаме да си го спасат животот. Тоа се граѓани кои 20 години работеа за демократските институции, мисии и меѓународни организации во Авганистан. На скопскиот аеродром ќе бидат прифатени од МНР, МВР, Црвениот Крст, Министерството за здравство и меѓународните организации“, велат од Владата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни