На 30.08.2021 во 08.30 часот на граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Ќ.(26) од с.Љуботен и Ј.М.(38) од с.Арачиново бидејќи при извршените проверки во службената евиденција било констатирано дека евидираат со мерка „апси“ поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по член 288 од Кривичен законик.
Лицата се предадени на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.