Теренот е непристапен, но и ризичен за гаснење од земја со човечка сила бидејќи има заостанати НУС од првата светска војна и постои реална опасност од нивно активирање.
Пожарот кој се појави на планината Галичица на албанска страна, според последните информаии, со помош на ветерот е преминат на македонска територија кај граничен камен F-9.
Во моментов гори сува трева, грмушки и ниска деградирана ретка шума.
Опасност од проширување на пожарот постои и може да биде зафатена и заштитената зона од шума на НП Галичица.