Македонија

МВР со детали за жената позитивна на корона што избегала од гостиварското инфективно одделение

Педесет и деветгодишна жителка на скопско село, позитивна на „ковид-19“, вчера (30 август) околу 13.00 часот самоволно го напуштила гостиварското Инфективно одделение, излегувајќи преку прозорецот.

Набргу потоа, таа била пронајдена и вратена на натамошно лекување.

Се расчистува и документира случајот и против неа ќе следува поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни