Македонија

Филипче: Изминатите три недели бележиме најголем просечен раст на вакцинирани граѓани во регионот

Министерот за здравство, Венко Филипче информира дека изминатите три недели бележиме најголем просечен раст на вакцинирани граѓани во регионот.

„Се надевам дека ќе продолжиме со истиот капацитет и дека со зголемување на возрасните категории ќе расте и опфатот со вакцинација. Во Тетово е значително пораснат опфатот со вакцинација, дури 15% во изминатите две недели. Бројките потврдуваат дека ефикасноста на вакцините е голема“, напиша на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.

„Нема унифициран пристап за лекување, туку препораки во зависност од тежината на клиничката слика. Клучен фактор и во процесот на лекување сепак е вакцинацијата“, додава тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни