Македонија

Костадин Костадинов кандидат за градоначалник на Струмица: Победуваме силно и убедливо!

Актуелниот пратеник Костадин Костадинов е новиот кандидат за градоначалник на општина Струмица. Ова на прес конференија го соопшти секретарот Љупчо Николовски.

„Со овој чекор се насочувам кон мојот роден град, градот кој го знам и за кој знам дека можам многу да направам. Токму од Струмица, на локално ниво, чекор по чекор може да се даде придонес за целокупната слика и добросостојба за нашата татковина, поаѓајќи од грижата за нашите сограѓани“, напиша Костадинов на Фејсбук.

Претходно, во краток временски период Костадинов беше в.д градоначалник откако актуелниот премиер ја напушти функцијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни