Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија на Галичица, пожарот активирал експлозивна направа…

Попладнево е извршено хеликоптерско извидување на пожарот кој во текот на денешниот ден се појави на сртот на планината Галичица, а кој се уште гори во граничниот појас на територијата на Албанија со голема веројатност во текот на ноќта да навлезе и на наша територија.

Гори трева, но постои можност пожарот да се спушти кон пониските делови на планината и да ја загрози високата шума од страната на Преспанско и од страната на Охридско езеро.

„Карактеристика за овој пожар е силната експлозија која се слушнала попладнево, а за која се претпоставува дека е предизвикана од, активирана од огнот, експлозивна направа, најверојатно мина или друг вид експлозивно средство, остаток од борбите коишто се воделе на ова подрачје во балканските или Првата светска војна“, велат од ЦУК.

Главниот штаб за управување со кризи дополнително ќе одлучи на кој начин ќе се гасне овој пожар притоа на прво место ставајки ја безбедноста на посадата на хеликоптерите, како и безбедноста на луѓето кои ќе учествуваат во гаснењето на пожарот од земја.

До неговото целосно гаснење врвот Магаро (2255) и неговата околина не се безбедни за искачување и движење.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни